Агенцијата за катастар на недвижности од саботата 16.03.2013  ја воведе новата услуга “е-кат шалтер” во Општина Зелениково. Општина Зелениково е втората општина во Република Македонија што ја воведе новата услуга со која граѓаните на општинскиот шалтер можат да добиваат имотен лист, лист за предбележување градба, евидентен лист, пописен лист со незапишани права и лист за времени обкјекти. Овие услуги ќе можат да ги користат граѓаните на целата држава а не само жителите на Општина Зелениково.
На стартот на услугата присуствуваа Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славе Трпески, Раководителот на ИТ Сектор Гоце Груевски и Градоначалникот Веле Груевски.
Градоначалникот Веле Груевски изјави дека промотивно во наредните 10 дена подносителите на барањата бесплатно ќе добијат Имотен лист.