Врз основа на член 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18), Градоначалникот на Општина Зелениково објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до доверителите на Општина Зелениково и доверителите на единките корисници основани од Општина Зелениково, од областа на образованието, детската и социјалната заштита, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

Се повикуваат доверителите на Општина Зелениково и доверителите на единките корисници основани од Општина Зелениково, од областа на образованието, детската и социјалната заштита да ги пријават доспеаните а неплатени побарувања.

Рокот за пријавување на побарувањата е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.

Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските.

Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација:

  • Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Зелениково и доверителот;
  • Фактура/Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица).

Документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.

Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од архивата на општината или да ја превземат од web страната на Општина Зелениково www.zelenikovo.gov.mk

  1. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик. Јавниот повик и обрасците „Пријава на побарување согласно Јавен Повик до доверителите на Општина Зелениково и доверителите на единките корисници основани од Општина Зелениково од областа на образованието, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања Бр.03-679/1 од 06.12.2018 година ” ќе бидат објавени и на web странaта на Општина Зелениково.

Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта со препорачана пратка или лично во архивата на Општина Зелениково (од 08:00 до 16:00 часот секој работен ден), на ул.1 бр.2, 1053 Зелениково.

Пријавите со потребната документација примени по истекот на рокот, нема да бидат земени во предвид.

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 02/2717-238 – Одделение за финансиски прашања, или на електронската адреса: op_zelenikovo@yahoo.com.

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Зелениково во рок од 8 дена ќе ги разгледува пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Зелениково ќе постапи во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18).

Градоначалник,

Борче Гиевски, с.р.

од 06.12.2018 година

Зелениково

ФОРМА – ЈАВЕН ПОВИК за објава на веб страна – Член 8 од Законот за финансиска поддршка на ЕЛС 209-2018