Делегацијата на Европската Унија предводена од Роберт Лидл оствари директна комуникација со граѓаните општина Зелениково. Жителите имаа можност во непосредна комуникација со тимот од ЕУ автобусот да постават прашања поврзани со Европската Унија, пристапувањето на земјата во Унијата, можностите за искористувањето на фондовите од ИПА програмата и другите програми на ЕУ, како и за други активности поврзани со ЕУ во земјата.