Во пресрет на одбележувањето на Новогодишните и Божиќните празници 36 дечиња кои дневно престојуваат во детската градинка Зеленика денес  беа посетени од страна на градоначалникот на општина Зелениково  Веле Груевски. За време на посетата градоначалникот на сите дечиња во име на општина Зелениково им подели новогодишни пакетчиња. Бесценето е да се види радоста на детските лица кога ги отвараат новогодишните подароци. Оваа традиција ќе ја продолжиме, бидејќи насмевките на детските лица се најважни. Тие ни возвраќаат со најискрени емоции, а денес ни возвратија и со новогодишни песнички. Градоначалникот Груевски не го криеше задоволството од фактот што неговата посета  и подароците предизивикаа радост кај децата, на сите нив и нивните воспитувачки и негователки им ја честиташе Новата година во која им посака многу здравје, среќа и безгрижни денови.